566
Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната заедничката прес конференција со неговиот македонски колега најави дека за 60 дена ќе почне да сообраќа авионската линија Скопје-Софија.
-За 30 дена ќе ги имаме спецификациите, а за 60 дена линијата ќе профункционира. Кога ќе почнеме да работиме со резултати и кога ќе им дадеме можност на луѓето од двете земји слободно да се движат, да работат, сите ќе добиеме многу, рече Петков.