За два до три месеци ќе видиме работа на терен за коридорите 8 и 10-Д

by fokus

Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на МРТ рече дека започнување на работа на терен за реализација за изградба на коридорите 8 и 10-Д очекува за неколку месеци.

-Динамиката е таква, во првите неколку месеци се прават испитувања на подлогите, се прават проектите и се носат на одобрување за да почне реалната реализиција. Се прават финалните подготвки за Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, реално очекувам за 2-3 месеци да видиме работа на терен и кога ќе почне нема да застане, таква е динамиката на оваа компанија да биде брза во изградбата на автопатските решенија, рече Битиќи, додавајќи дека според договорот 51% од подизведувачите треба да бидат домашни и тоа со должно внимание ќе се следи.

Поврзани новости