711
Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за Алсат, вели дека исконтактирале со роднините на жртвите и даде одговор за колку време телата на настраданите ќе пристигнат во Македонија.
„Се уште немаме ништо официјално, чекаме, не ги знаеме причините. Се уште ја чекаме истрагата од бугарските власти, а во наредните денови ќе ве информираме се. Се очекува телата на жртвите да пристигнат во рок од два или три дена”, истакна Буши.