За ДПМНЕ Левица беше Хамас, а за Мицкоски коалициски партнер, велат од СДСМ

by Fokus

За ДПМНЕ Левица беше Хамас, но додека сабајле го пишуваат тоа во нивните соопштнија Мицкоски навачер зборува за коалиција токму со нив, обвини СДСМ.

„Дури Мицкоски рече дека за вредностите со Левица ќе седнел на маса и ќе преговарал. За кои вредности Мицкоски ќе преговара за коалициски брак со Левица?

За проруските вредности на Левица, или за анти-ЕУ и анти-НАТО ставовите?“ прашуваат од владејачката партија.

Оттаму го повикаа Мицкоски да не се криел, туку да излезел пред граѓаните и да одговорел на овие прашања.

Поврзани новости