737
Полициски службеници од Кавадарци го лишиле од слобода О.Р.(53).
Како што информира МВР, тој се сомничи дека во угостителски објект му се заканувал на 45-годишен маж од Кавадарци, при што за долг од 6.500 евра барал да му исплати 50.000 евра.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.