За Џамбазов 2024 година била тешка и бесчувствителна: Штом те преживеав тебе….

by Fokus

Шоуменот, актер и музичар Игор Џамбазов (61), во свој стил се прости со 2024 година, која за него била тешка и непредвидлива.

На годината која измина и порача да не се повтори, и ја спореди со опасна вештерка.

-2024 годино, тебе ти се обраќам. Завршивме со тебе сестро, засекогаш. И да не си се осмелила да ни се појавиш пред очи уште еднаш! Ти беше една бесчувствителна, непредвидлива, тешка, напорна, напната, грда и опасна вештерка!

Збогум! И порачај и на сестра ти што доаѓа да не се занесува многу. Оти, штом те преживеавме тебе, нема што да ја мислиме неа. Таа нека му ја мисли, порача Џамбазов.

Сепак, и покрај тоа што ја опиша минатата година како доста тешка, на професионално поле музичарот имаше доста активности. Покрај бројните настапи во земјава, тој во октомври заедно со Гуру Харе одржа концерт во Канада, пред нашите иселеници.

Пред крајот на годината пак, ги изненади љубителите на рок баладите со новата песна на Брејк, ,,Оваа песна не знаев да ја напишам”, каде се потпишува како текстописец, заедно со Дарко Гелев Брејк и Никола Перевски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости