За десетина дена ќе стигне донација од 11.000 вакцини против Ковид-19 од ЕУ

by fokus

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат за десетина дена иако една од главните препораки на Комисијата за заштита од заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат за да се заштитат. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека, покрај донацијата, во земјата ќе стигнат и вакцини договорени со Европската комисија.

„Набргу доаѓа донација од 11.000 вакцини против Ковид, кои треба да пристигнат следните десет дена, се надевам. За другите вакцини договорени со Европската комисија се води набавка за сите држави во Европската Унија и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тоа е во финална фаза и набргу сите европски држави ќе бидат снабдени, па и Македонија, со вакцини против инфлуенца и Ковид-19“, рече министерот Таравари.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 19 до 25 август регистрира 213 нови случаи на заразени од коронавирус, односно регистрира намалување за 21,4 % на бројот на новозаразени во споредба со претходната недела кога беа регистрирани 271 нов позитивен случај на заразени од коронавирус и Комисијата за заштита од заразни болести препорача да се избегнуваат групирање и подолг престој во затворени простории, да се прави редовна хигиена, избегнување контакт со болни и укажа дека вакцинацијата е најефикасен начин за заштита.

Поврзани новости