За Бугарското МНР се злонамерни и антибугарски коментарите на јавни личности

by Fokus

Бугарското Министерство за надворешни работи реагира дека во Северна Македонија се поттикнува антибугарско расположение од политичари и јавни личности кои за таа цел ја злоупотребуваат руската воена агресија во Украина.

-Во врска со низата провокативни и  злонамерни антибугарски коментари изминатите неколку дена од страна на политичари и јавни личности во Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи изразува загриженост дека злонамерната кампања против нашата земја има за цел да поттикне антибугарско расположение. Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните начини во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека ваквите цинични обиди мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на таков арогантен и непринципиелен начин, велат од бугарското МНР.

Оттаму додаваат дека ваквата кампања може негативно да влијае врз позитивните трендови што се забележани во политичкиот дијалог во последните месеци.

 

Поврзани новости