313
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 314 возачи.
Како што информираат денеска од МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 162 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.