280
Во засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 242 возачи.
Од нив, информираа денеска од МВР, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.