Телохранителите на екс премиерот Никола Груевски веќе дале исказ во обвинителството, во врска со неговото бегство во Унгарија, а во текот на неделата ќе бидат сосолушани и други сведоци, откри обвинителката Вилма Русковска.
– Во текот на оваа недела ќе бидат сослушани доста сведоци во таа насока, а се надевам дека исто така во текот на оваа недела ќе бидат преземени и доказите кои беа барани од Република Албанија, изјави Русковска.
Прашана дали на распит ќе бидат повикани и блиски роднини на Груевски, таа рече:
– Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци..
Поранешниот премиер Никола Груевски минатата година избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Груевски преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.
Македонските власти распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија