547
Австралиската обложувачница „Спортсбет“ денеска објави дека веќе им исплатила околу 16,5 милиони долари на оние што се обложиле на демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД.
Конечните резултати од изборите во САД сѐ уште не се познати, но американските медиуми и политички аналитичари сметаат дека Бајден е поблизу до победата, иако Трамп сѐ уште има шанса.
И покрај тоа, обложувачницата „Спортсбет“ објави дека веќе исплатила 23 милиони австралиски долари (16,5 милиони американски долари) на околу 100 000 луѓе кои се обложиле на демократот.
-Ние сме целосно уверени дека Бајден ќе заврши во Белата куќа, изјави портпаролот на австралиската обложувачница.