За 8 проценти се зголемува цената на струјата?

by Fokus

Новата цена на електричната енергија ќе се зголеми од 7,5 до 8 проценти, а евтината тарифа нема да се укине и граѓаните ќе можат да ја користат и во следниот период, објави „Сител“ повикувајќи се на неофицијални извори.

Според информациите на „Сител“, државните електрани побарале 10 проценти зголемување на цената на електиричната енергија, а преносниот систем МЕПСО пријавиле зголемени трошоци за околу 70 проценти.

Според некои информации, пак, цената на парното ќе се намали.

Одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги донесе денес.

Поврзани новости