За 45 минути пеење на свадба легендарниот Здравко Чолиќ доби хонорар од 45.000 евра

by Fokus

Здравко Чолиќ, легендарниот пејач со повеќе од четири децении кариера, неодамна беше специјален гостин на свадбата на синот на белградски бизнисмен, а за брзо време станаа познати барањата што ги има за настап на оваа луксузна манифестација, јавуваат српските медиуми.

Иако е познато дека Чола ретко настапува на приватни забави, овојпат направил исклучок, а неговиот настап беше вистинска атракција за сите присутни.

Според извори блиски до настанот, Чолиќ имал неколку специфични услови кои младенците и нивните гости со задоволство ги исполнувале.

Бината мораше да се подигне од подот за гостите да не му се приближат премногу додека пее, а тој побара и да не се нарачуваат песни и да се избегнуваат фотографии со гостите. Овие услови брзо биле договорени, а Чола побарал хонорар од 45.000 евра за 45-минутен настап, што веднаш било прифатено, бидејќи младенците ја обожаваат неговата музика, пишуваат српските медиуми.

За свадбен танц Здравко Чолиќ ја извел песната „Тебе чувам за крај“, а подоцна ги воодушевил сите присутни со големиот хит „Ти си ми у крви“.

Неговиот настап предизвикал емоции кај гостите, а откако заврши, Чолиќ во придружба на обезбедувањето го напушти ресторанот.

Овој настап, иако редок, уште еднаш докажа зошто Чолиќ се уште важи за еден од најомилените и најбараните пејачи на Балканот.

Поврзани новости