За 40 дена општина Кавадарци акумулира заштеда од еден милион денари со поставувањето на фотоволтаици на јавни општински институции, информираше денеска на прес конференција градоначалникот Митко Јанчев.
Тој најави дека и во наредниот период на општински институции ќе се поставуваат фотоволтаични централи кои даваат голем придонес и во зачувувањето на животната средина.
Општина Кавадарци уште неколку месеци пред да започнат мерките за штедење, започна проект чија цел е општинските институции да добиваат струја од сонцето.
Досега во десет институции е завршено инсталирање фото-напонски панели и овие институции веќе добиваат струја од сонцето.
Како што информираат од општината, се работи за доста значаен проект, а инвестицијата ќе биде вратена за една година.
В.К.