„Од овој месец стапи во сила договорот меѓу операторите на ЕУ и на Западен Балкан со кој има намалување на цените за роаминг-податоците во склоп на Европската Унија“.
Ова денеска во изјава за медиумите го кажа министерот за информатичко општество и администрација – Азир Алиу.
Според него, тоа значи дека македонските граѓани сега имаат 30 отсто поевтин роаминг со земјите од ЕУ.
„Нашите граѓани и бизнисот од Северна Македонија кога ќе одат надвор веќе имаат 30 отсто помали трошоци за роаминг и обратно, значи граѓаните или бизнисите од ЕУ во РСМ ќе имаат 30 проценти намалени трошоци за роаминг“ – рече Алиу.
Алиу рече дека висината на цените се во надлежност на операторите.
„Операторите очекуваме овие денови да излезат со понуди, со пакети во коишто ќе ги имаат, ќе ги понудат (цените), бидејќи Договорот е помеѓу операторите на ЕУ и операторите на Западен Балкан“ – рече министерот.
Очекувањата, според него, се во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги што ги има на домашниот пазар.