За 24 часа примени се 11 нови пациенти на инфективна клиника, на кислород се вкупно 65

by Фокус

Во изминатите 24 часа, на Инфективната клиника примени се 11 пациенти, a вкупно се хоспитализирани 95 пациенти, при што на кислородна поддршка се 65 пациенти.

Во болницата во Козле, пак, хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на ковид-19, како и 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти, од кои на респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип 46 пациенти, додека на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости