456
Во недела се отвора ново интересно катче во Зоолошката градина во Скопје, каде посетителите ќе можат да се дружат и да погалат мали срни, белоносести коати, зајачиња и мораски прасиња. Влезот во ова катче ќе изнесува 20 денари, а во него ќе бидат сместени питоми, како и новородени животни – информира Тина Мицковска, портпарол на ЗОО Скопје.
Оние кои сакаат да се дружат со малите и питоми животни, тоа можат да го направат под постојан надзор од страна на негователите на животните. Моментално се работи на средување на новото катче кое ќе биде отворено во недела, на 93-от роденден на градината. Истиот ден, со почеток од 17 часот ќе се одржи и забава со музички настапи на деца и театарска претстава.