За 20 дена АНБ ќе добие нов директор

by Fokus

За 20 дена од денеска Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор. Вчера, Владата одржа затворена седница на која директорот информираше за случајот со добивањето на македонско државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко. Не сум во можност да ви дадам повеќе информации бидејќи седницата беше затворена. Имаше соопштение од Владата во врска со заклучокот за одземање на државјанството, истакна денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски одговараше на прашање на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој го праша дали во овие пет месеци откако е премиер знаел за Онишченко, односно дали директорот на АНБ Димовски го информирал.

Поврзани новости