Во изминатите петнаесетина дена, полицијата, во рамки на оперативната акција „Бегалец“, пронашла и привела 59 лица кои се бараат за издржување затворска казна и тие се спроведени во казнено поправните институции
-Покрај тоа, во соработка со полициите од другите земји, обезбедени се повеќе лица кои се екстрадирани и пренесени во затворите во нашата држава – рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
Од Германија е екстрадиран Б.Р., кој беше предмет на потрага по меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 32 год. и шест месеци.
Од истата земја е екстрадиран и Љ.Ј. кој беше предмет на потрага по меѓународна потерница за истрага по чл.123 од КЗ „Убиство“.
Од Австрија е екстрадиран И.С., кој беше предмет на потерница за издржување на казна затвор од 10 години.