Во периодот од 2009 до 2020 година биле разрешени вкупно 23 јавни обвинители, според податоците кои „Фокус“ ги доби од Советот на јавните обвинители. Од разрешените обвинители, 14 се за нестручно и несовесно работење, а останатите 9 по нивно барање.
По години:
-Во 2009 година има разрешени 11 јавни обвинители од кои 3 по нивно барање и 8 за нестручно и несовесно работење.
Во 2011 година има разрешен 1 јавен обвинител по негово барање.
-Во 2012 години има разрешени 3 јавни обвинители од кои 1 по неговото барање и за 2 за нестручно и несовесно работење.
-Во 2013 година има разрешен 1 јавен обвинител по негово барање.
-Во 2014 година има разрешени 3 јавни обвинители од кои 1 по негово барање и 2 за нестручно и несовесно работење.
-Во 2015 година има разрешен 1 јавен обвинител за нестручно и несовесно работење.
-Во 2019 година има разрешени 2 јавни обвинители од кои 1 по негово барање и 1 за нестручно и несовесно работење.
-Во 2020 година има разрешен 1 јавен обвинител по негово барање.
Меѓу разрешените е и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кој беше отстранета од функцијата во 2019 година.
На последната седница на Советот на јавните обвинители едногласно беше разрешена и обвинителката Лејла Кадриу од тетовското овинителство. Дисциплинската постапка за Кадриу е од минатата година по инцидентот во селото Синичани поврзано со водоводната мрежа.
Скопскиот јавен обвинител Миле Арсениевски, пак, сам се повлече од функцијата откако против него беше поведена дисциплинска постапка бидејќи наводно не постапувал по предмети кои потоа застарувале.
В.В.