YON IDY E СÈ ПОБЛИСКУ ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОЈОТ ЕВРОВИЗИСКИ СОН: Dreams е патот до Торино

by fokus

По влезот во трката со уште 5 кандидати, Yon Idy ја промовираше Dreams во емисијата Стисни Плеј во рамки на национланиот избор за песна и претставник на Евровизија 2022. Оваа година македонската јавност со оналјн гласање ќе учествува во изборот на песната што ќе ја преставува нашата земја во Торино.

Yon Idy е комплетен автор на песната Dreams, а за аранжманот помогна и Анѓел Ќосев. Благодарен е за довербата и можноста да биде потенцијален претставник на Македонија. Според него, Евровизија е настан на кој се споделуваат различните култури на најубавиот можен начин, а тоа е музиката. „Сите сонуваме за совршена љубов, а во рефренот на Dreams се зборува за токму таква љубов – совршена, од соништата. Строфите отсликуваат реални моменти, конфликти и недоразбирања од мојот личен живот и нè враќаат во реалноста и нè потсетуваат дека за да биде нешто толку совршено, мора вистински да се потрудиме,“ вели Yon Idy.

Ова е линкот на кој може да гласате за песната Dreams на Yon Idy. https://evrovizija.mrt.com.mk/

Ова е линкот од видеото: https://www.youtube.com/watch?v=TgOAvbM–W8&list=RDTgOAvbM–W8&start_radio=1

Yon Idy со својот посебен стил на интерпретација потсетува на странски музичар кој “залутал” на нашата сцена. Сосем свој, скромен, а шармантен, емотивно ги доловува текстовите кои ги пее придружуван од својата гитара. Многумина ги слушнале неговите песни на македонските радиа незнаејќи дека вусшност станува збор за домашен музичар.

Yon Idy е пораснат опкружен со музика во неговиот роден град Скопје. Тој се вљубува и учи од класичните уметници како Битлси и Леонард Коен, подоцна под влијание на Muse, со здрави дози на блуз и инди сцени. Свири пред публиката во живо повеќе пати неделно и со нетрпение очекува да го издаде својот прв целосен албум во 2022 година.

Поврзете се со Yon на социјалните мрежи: Facebook | Instagram | Twitter

Профили на музички платформи: Spotify | Apple Music | YouTube

ПР текст

Поврзани новости