Првиот административец на Јакимовски поднесе оставка

by fokus 12:37
12:37

Секретарот на Општина Карпош, Бојан Милошевски поднесе оставка од функцијата прв административец, потврдуваат од Општината за „Фокус“. Неофицијално од таму додаваат дека според договорот Милошевски ќе биде распореден на позицијата раководител на правната служба.

Деновиве треба да се случи примопредавањето на општината од рацете на досегашниот градоначалник, Стевче Јакимовски, во рацете на новиот градоначалник, Стефан Богоев. Јакимовски беше два мандати едноподруго на чело на Карпош.

- Advertising -

Поврзани новости