Миле Бошњаковски бил извршен директор на фирмата која го издаваше македонскиот „Плејбој“

by fokus 11:05
11:05

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, работел како извршен директор во компанијата која некое време го издаваше „Плејбој“ во Македонија. Фирмата ја доби лиценцата за издавање директно од седиштето на „Плејбој“ во САД, а меѓу основачите на списанието бил политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

За жал приказната за „Плејбој“ во Македонија не траеше долго. Основачите велат дека целта им било да донесат на македонскиот пазар производ наменет за мажите, а кој ќе промовира посебен животен стил.

- Advertising -

-Требаше да биде издавачка куќа која треба да објавува повеќе магазини преку лиценци, но за жал пазарните околности покажаа дека нема простор во Македонија за развој на издавачка дејност од овој аспект – вели Бошњаковски.

Прва на насловната страна на македонскиот „Плејбој“ се најде Каролина Гочева. Во вчерашното интервју за „Ноќно студио“ на „Телма“, Арсовски изјави дека преговорите со неа траеле долго. По кратко време магазинот беше затворен поради неисплатливост на бизнисот.

Поврзани новости