Јон Фрчкоски ќе биде советник на СДСМ во Центар

by fokus

Веднаш по носителот на советничката листа на СДСМ во Центар, Јана Белчева Андреевска, активистка од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“, се наоѓа Јон Фрчкоски кој е втор на листата. Јон е син на универзитетскиот професор и поранешен министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски.

Трета на листата е Марија Бошковска – Јанковски досегашна советничка, која неодамна беше поставена за в.д. директор на Централен регистар во рамки на бранот кадровски промени. Веднаш по неа се членови на Советот од стариот состав, Цветанка Симоновска и Ѓошо Вангелов. Седми на листа е Оливер Тоновски, кој пред една година беше поставен за извршен директор на КК Работнички.

Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, пак, е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Центар. Втор на листата на ВМРО-ДПМНЕ е досегашниот координатор на советничката група во оваа Општина, Томислав Лазаров, против кој имаше обвинувања дека ги организирал протестите пред Општината каде беа нарачени и шамари за градоначалникот, Андреј Жерновски.

 

Поврзани новости