480
Четриесетина луѓе вечерва се собраа пред домот на пратеничката на СДСМ, Фросина Ташеска-Ременски, на протест против носењето на Законот за употреба на јазиците.
Протестот е дел од хајката против пратениците на владејачката коалиција, откако Законот беше изгласан.
Истиот Закон, како што велат од ДУИ, беше прифатен и од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кога траеја преговорите за колицирање по предвремените парламентарни избори на крајот од 2016 година. Од ДУИ неколку пати повторија дека сепак одлучиле да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, затоа што единствениот услов кој оваа партија го побарала е укинување на СЈО.