Петровска: Не гледам зошто Косово би апсело наши оперативци

by Fokus

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ги негира тврдењата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, дека на територијата на Косово биле уапсени двајца припадници на македонското воено разузнавање, испратени од министерката.

-Тој беше припадник на Армијата, ја напушти за да биде пратеник. Како таков треба да знае дека министерот не праќа никого на оперативни мисии и министерот не треба да знае детали за да нема политичко влијание – рече таа.

Петровска не негира дека во Косово има македонски оперативци, но вели дека тоа е во духот на соработката со земјата.

-Оперативци упатени во поддршка на нашите мисии има и на Косово и во БиХ ако е тоа потребно, но апсолутно не биле уапсени. Прво тоа е политички неумесно обвинение, да ви бидат ваши припадници уапсени на туѓа територија значи дека има непријателство меѓу тие земји, што не е случај со Косово. Соработката е на високо ниво, не гледам причина дека би биле уапсени, ако постои било каков доказ на кој го темели ова тврдење, доказите да ги објави – му порача таа на Ковачки.

Поврзани новости