Професорот, Јове Кекеновски, ја коментира одлуката на Јавното обвинителство да ја отфрли кривичната пријава што Финансова полиција ја поднесе против екс министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.
„Кој си гласаше за промена на името и Уставот тој нема кривично да одговара, а богами и тендери ќе си добива и сите удобности ќе си ги ужива“, коментира Кекеновски.
„И лека полека сите кривични пријави ќе им бидат отфрлени. А за тоа што крадел, мамел, лажел и други далавери правел ,,ска” проблем. Танте за кикурику. А ние останатите можеме до века гурабии да си јадеме. ?
P.S. Па не се на другарчето Заев, негови, само Рашковски, Османи и Ахмети. По чуму Канчевска и останатите пратеници (по сопствена воља и убедување) гласачи да не бидат негови?!“, напиша тој.