441
Вчера околу 14.40 часот била приведена 24-годишна девојка од Скопје со иницијали А.К. затоа што претходно поминала на црвено, па и се развикала на полицајката која сакала да ја идентификува.
„Неколку минути претходно таа извршила кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На паркинг простор на улица „Крушевска Република“ полициска службеничка се обидела да изврши проверка на идентитет на А.К. , која претходно поминала на пешачки премин на црвено светло. А.К. не застанала, ја навредувала полициската службеничка, ја оттурнала од себе и побегнала. Неколку минути подоцна таа била пронајдена и приведена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.