Wall Street Journal: Илон Маск се дрогира

by Fokus

Одредени менаџери и членови на одборот на директори на компании во сопственост на Илон Маск, како и други луѓе блиски до најбогатиот човек на светот, изразија загриженост дека неговата наводна употреба на наркотици може да има последици не само по неговото здравје, туку и врз шесте компании со кои раководи Маск.

Тој, наводно, користел ЛСД, кокаин, екстази и други психоделици, често на приватни забави ширум светот, каде што присутните потпишуваат договори за необјавување или ги предаваат своите мобилни телефони пред да влезат, според Wall Street Journal (WSJ).

Маск претходно користел марихуана во јавноста и изјавил дека има рецепт за кетамин со психоделичен ефект.

Според WSJ, милијардерот консумирал психоактивни супстанци и со Стивен Јувертсон, член на одборот на директори на SpaceX.

Нелегалната употреба на дрога најверојатно би била прекршување на американската федерална политика, што може да ги загрози договорите од милијарди долари меѓу SpaceX и американската влада, пишува WSJ.

Маск не одговори на прашањата на Wall Street Journal за овие околности. Неговиот адвокат, Алекс Спиро, рече дека „Маск редовно и по случаен избор се тестира за дрога во SpaceX и никогаш не паднал на тест“.

Спиро, кој рече дека ја застапува Тесла, како одговор на деталните прашања додаде дека има и „други лажни факти“ во приказната на Вол Стрит Журнал, но не ги именуваше.

 

Поврзани новости