ВМРО-ДПМНЕ на средби со „помалите“ партии за една изборна единица

Мицевски денес се сретна со Трајанов и Балковски, а за утре се предвидени средби со други парламентарни партии.

by Фокус

Најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ, денеска и утре ќе одржи серија средби со парламентарни партии во однос на нивниот предлог за формирање на една изборна единица.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за Фокус потврди дека денес одржани се средби со претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов и со генералниот секретар на ВМРО-НП Љупчо Балковски, кои воедно се и пратеници.

Тој вели дека за утре е закажана средба со ЛДП и со претставници на други парламентарни партии, со цел да се постигне договор во однос на прашањето за една изборна единица.

В.С.

Поврзани новости