ВМРО-ДПМНЕ преку амандман бара дуплирање на дел од платите

by fokus

Пратеничката група на опозицкската ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе амандман во Собранието на Законот за минималната плата со кој се бара доследно почитување на колективните договори и ќе се овозможи зголемување на платите во јавниот сектор.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на прес-конференција, истакна дека не се завршува работата со едноставно зголемување на мининалната плата, туку со опсежно зголемување на платите кои мора да бидат усогласени со коефициентот на сложеност на работната сила, а тоа, вели, подразбира почитување на постигнатата согласност со синдикатите и колективните договори кои се во сила.

-Каква е таа социјална правда кога Владата не ги почитува сопствените колективни договори? Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата, вели Мицкоски.

Согласно ова барање, посочува, ако работник досега имал плата 15.200 денари а сега треба да има 18.000 денари, со нивелирање на платите, на пример наставник – приправник наместо сегашните 22.764 денари ќе зема 41.256 денари. Во средните училишта, професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат според предлогот кој што го даваат 45.594 денари.

Поврзани новости