ВИДЕО По гранатирањето во Украина: Мислевме дека почна војната!

by Фокус

Тензиите во источна Украина драматично се зголемија кога сепаратистите поддржани од Русија почнаа артилериски оган преку контролната линија со украинските сили, гранатирајќи една градинка во четвртокот, а три лица беа повредени, пренесуваат светските агенции.

Жител на градот во источна Украина, каде што градинката беше погодена, изјави дека мислел оти војната почнала кога слушнал артилериски оган.

-Се спремавме да одиме на работа, имаше многу врева, не беше далеку. Сите бевме вознемирени и испаничени бидејќи знаевме и очекувавме некои провокации токму во овој момент, па мислевме дека војната навистина почна – вели жител на станицата „Луганска“.

Украинската армија соопшти дека 32 гранати паднале врз градот, при што е повреден еден војник и прекинато е напојувањето со електрична енергија. Инцидентите се случуваат во време на глобална загриженост поради можноста за поширока војна со повеќе од 100.000 руски војници во близина на украинската граница.

Поврзани новости