459
Триесет и седумгодишен скопјанец бил нападнат и удиран со лопата во пределот на градите, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 09,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Р.Ќ.(37) пријавил дека на улица „Индира Ганди“ при работа во електрично ормарче сопственост на ЕВН, заедно со уште двајца вработени во фирмата „Електро Кајник“ кои биле ангажирани од ЕВН, бил физички нападнат од страна на И.К. (31) со лопата во пределот на градите. Потоа истиот го оштетил и задното ветробранско стакло од товарно моторно возило сопственост на „Електро Кајник“, по што тројцата со возилото заминале од местото на настанот.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.