Верушевски останува најплатен премиерски советник, Бишев ќе работи про боно

Старо-новиот надворешен советник за национална безбедност Зоран Верушевски ќе има плата од над 74 илјади денари, додека најголем дел од новите советници ќе заработуваат 36.000 денари, дознава Фокус.

by Фокус

Поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски, ќе му биде советник за национална безбедност и на премиерот Димитар Ковачевски, откако на оваа позиција беше и кај претходниот премиер Зоран Заев.

Според информации на Фокус, тој ќе биде и најскапо платен советник со плата 74.600 денари, додека по него, според висината на платата, следуваат советниците за надворешни работи и за административно право, Едмонд Адеми и Елена Оранска-Петковска, чии плати изнесуваат по 55.200 денари.

Инаку, тие ќе биде таканаречени кабинетски и посебни советници, додека, како што веќе објавивме, Ковачевски ќе има 12 надворешни советници, меѓу кои банкарот Глигор Бишев, универзитетските професори Предраг Трпески, Ванчо Узунов и Антон Чаушевски.

На овој список се и Ана Данева-Маркова (здравство), Спасе Додевски (образование и социјала), Маја Ангеловска (дигитализација), Симона Ристеска (даночна политика).

В.С.

Поврзани новости