557
Вулканот Безимијани, кој се наоѓа на рускиот полуостров Камчатка исфрли облак со пепел во висина од околу 10 километри.
Безимијани е еден од најактивните вулкани во светот. Највисокото ниво на опасност е прогласено за авијацијата.
Руското Министерство за цивилна одбрана соопшти дека нема опасност за населените области или туристичките групи.
Вулканот се наоѓа на околу 350 километри од Петропавловск-Камчатски, главниот град на полуостровот.
Поради своите вулкани, гејзери и термални извори, Камчатка е атрактивна дестинација за многу љубители на природата.
Полуостровот Камчатка има околу 160 вулкани, но само неколку од нив се сè уште активни.