Индонезискиот вулкан Марапи во Западна Суматра почна да исфрла пепел во висина од 3.000 метри, соопшти денеска индонезиската агенција за природни катастрофи БНПБ.
Ројтерс пренесува дека фотографиите на BNPB покажуваат автомобили и патишта покриени со пепел.
Локалните власти соопштија дека вулканот висок 2.891 метар еруптирал денеска во 14 часот и 54 минути по локално време и дека вулканската пепел со голем интензитет се проширила во околните области.
Властите им забранија на жителите и туристите во радиус од три километри од кратерот да излегуваат, а второто највисоко ниво на тревога е зголемено на планината Марапи, јави Танјуг.
„Им дистрибуиравме маски на жителите и им рековме да останат внатре“, рече локален претставник за управување со вонредни состојби.
Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ на Пацификот и има 127 активни вулкани.