Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла вулкански гасови, објави Американскиот геолошки институт (УСГС).
Поради активноста на Килауеа подигнато е нивото на тревога на црвено.
УСГС соопшти дека вулканскиот гас, што се состои од сулфур диоксид и други гасови, може да произведе видлива вулканска магла позната како „вог“, мешавина од вулкански гас и пепел потенцијално опасни по здравјето на луѓето, особено оние со респираторни проблеми. Вог, освен што е опасен по здравјето на луѓето, може да предизвика и штети на земјоделските култури.
Килауеа еруптира често од 2021 година. Последната, не толку голема ерупција, траеше неколку месеци.
Тоа е помладиот и поактивен сосед на вулканот Мауна Лоа, кој првпат од 2984 година еруптираше во ноември.