Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави денеска дека српската помош ќе остане колку што е потребно за да им се помогне на граѓаните на Македонија во гаснењето на пожарите.
-Припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР во моментов се ангажирани на помошта на Владата на Северна Македонија со цел да го скротат пожарот кај нив. Четири наши хеликоптери и 16 наши членови се ангажирани таму. Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија – рече Вулин.
Тој посочи дека е многу загрижен за големиот број пожари во Пчињскиот округ во Србија, кој се граничи со Северна Македонија, и патем изрази сомневање дека повеќето од нив се подметнати.
-Кога за помалку од два часа имате околу 40 пожари на различни локации, тогаш мора да се загрижите и да размислите дали сето тоа има природна причина – рече Вулин.