Популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ која е на турнеја низ Македонија со претставата ,,Чекајќи го министерот” знае како најдобро да допре до публиката.
Па, затоа, наместо оригиналното сценарио, со српски песни, направена е адаптација за време на претставите во земјава, и се избрани стари македонски песни, кои таа ги изведува како дел од сценариото.
Како звучат ,,Македонско девојче” и ,,Елено, ќерко Елено” од грлото на актерката, имаше можност да слушне публиката на веќе одржаните претстави во Штип, Охрид и Битола.
Театарската претстава наредниот период продолжува со гостувањето во повеќе градови, како Кичево, Пробиштип, Куманово, Кавадарци и Велес.
Покрај Лидија, во ,,Чекајќи го министерот” играат и Сашо Ристовски и Семир Гициќ.
И пред три години Вукичевиќ со истата претстава имаше мини турнеја низ Македонија, но тогаш наместо Сашо Ристовски, ангажиран беше актерот Милан Пајиќ.
Вики Клинчарова