Вукичевиќ доаѓа во Штип како обвинителка

by fokus

Популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ на 29-ти март доаѓа во Штип, и ќе ја игра главната улога во комедијата ,,Обвинителка”.

Станува збор за претстава чиј автор е Огнен Неделковски, во режија на Сашо Ристовски.
Покрај Вукичевиќ, играат и Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски.

Комедијата дава одговори на низа на прашања околу тоа како е да се биде обвинителка, како е да се биде обвинет, како да се спасиш од обвинение.

Претставата ќе биде премиерно прикажана во Народен театар Штип на 29-ти март во 20 часот, а цената на влезниците е 300 денари.

Изминативе години Вукичевиќ е честа гостинка во нашите театри. Глумеше во Охрид, Штип, Кавадарци, Струмица…
Деновиве а актуелна во регионот откако се појави во видео записот на популарниот фолк пејач Халид Муслимовиќ, и доби бројни комплименти за својот изглед во 60-та година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости