0
Деветгодишниот Вукан и неговиот пет години постар брат Јован Вулетиќ се најмладите жртви на масовното убиство во Цетиње што го изврши Ацо Мартиновиќ (45), а најстариот е седумдесетгодишниот Радомир Марковиќ.
Во трагедијата загина и вујкото на браќата, Мирко Вулетиќ (45).
Според полицијата, Мартиновиќ убил четири лица во куќата на роднина во Бајце, Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ. Во куќата на Мартиновиќ тешко ранета е и сопругата на Марко, Марија (38), пишува „Подгорица вјести“.