Некогашниот тренер на европскиот ракометен првак Вардар, Веселин Вујовиќ во интервју за „Ослобоџење“, говореше за состојбата на клубот и за ракометот во Македонија.
Според него, Вардар е македонски бренд и заслужува да го држи приматот во спортот.
„Кога разговараме за македонската ракометна селекција, сите знаеме дека Лазаров се уште ја носи играта, но има и тука играчи кои се промовираа и имаат добар рејтинг. Што се однесува до Вардар, ние слушаме различни приказни како тоа не примиле плата три, шест или 21 месец, но ја направија таа хемија во екипата, играјќи и знаејќи дека е крај. Тоа е голема работа и апсолутно е заслужено се. Тоа е нешто што го спаси ракометот во Македонија. Да не ја освоеја титулата, којзнае што ќе беше сега. Се појавија нови спонзори, Владата реагира, а Вардар е македонски бренд кој заслужува да го држи приматот“, истакна Вујовиќ.
Фото – Ослобоџење