Вујиќ: Вујкото на Мартин Нешковски ја призна вината за студентите да излезат од притвор

by Фокус

-Вујкото на починатиот Мартин Нешковски, Горан Митановски ја призна вината за „учество во толпа и спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ само за да ја скрати судската постапка и студентите кои се во притвор да излезат на слобода, изјави денеска адвокатот Мирослав Вујиќ откако вујкото на Мартин доби 10 месеци казна затвор.

Вујиќ објасни дека доказите од обвинението можеле да бидат оспорени од одбраната, но тоа би одземало многу време и би се пролонгирало излегувањето на студентите од притвор.

-Со оглед дека ги имаме видено доказите и јас лично од доказите што ги видов, мислам дека ја призна вината само за да не ја попречува постапката и да заврши поради другите деца. Тоа е доблест. Од списите на предметот нема толпа, неговото дејствие е поединечно и тој ја брани само својата сестра, рече адвокатот Вујиќ.

Поврзани новости