Вучиќ: Застанав зад кампањата „јас сум бот“, ги навредуваат луѓето само затоа што мислат поинаку

by Fokus

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја поддржа кампањата „Јас сум бот“ и на прашањето на српските новинари зошто го направил тоа, тој одговори дека стои зад кампањата за заштита на луѓето кои се навредувани само затоа што мислат поинаку и додаде дека е горд на фактот дека е член на Српската напредната партија (СНС).

„Застанав зад кампањата затоа што ги навредуваат луѓето само затоа што мислат поинаку, поради тебе што мислиш дека имаш право да уништуваш туѓи животи. Имате по пет нарачки, а потоа ви пречи кога некој ќе ви одговори на таков начин. Мислам дека е штетно да се одговори на таков начин. Кому му е гајле за сите тие лаги, а јас не сакам да зборувам за навреди секојдневно. Од другата страна велиш дека се платеници. Толку супер, јас сум тој што не ти се плаши. Србија која работи и гради е многу повредна од заклучена Србија, Србија во распаѓање. Сакаш да ме натераш да мислам како тебе. Најдоа некоја жена која вели дека е платена за тоа. Така е и со Вулин, но утре ќе зборувам подетално“, изјави денес Вучиќ.

Србија деновиве ја тресе афера со јавно објавени над 14 илјади лажни профили на ботови, за кои се вели дека се платени од партијата на Вучиќ.  над 3 илјади од лажните профили се на луѓе кои работеле како ботови за СНС, а се вработени во јавни и државни установи. Неколкумина од нив излегоа со изјави во српските медиму дека се срамат од тоа што го правеле, и тврдат дека биле уценувани дека ќе бидат избркани од работа.

„Никогаш не те прашав каква врска имаме јас и брат ми со Јованиќ? Знаете ли колку твитови и лажни информации имаше по тој повод? Над 200 милиони“, изјави денес Вѕчиќ.

Вучиќ на својот Инстаграм профил објави дека ги поддржува сите приврзаници на Српската напредна партија и објави фотографија од луѓе кои јадат сендвичи, а заедно со кратка порака: „Да, и јас сум СНС бот“.

 

 

 

Поврзани новости