Најголем број жртви на новиот корона вирус е регистриран во изминатите 24 часа во Србија, и државата се приближува до катастрофално сценарио. Тоа го објави српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Што се однесува до корона вирусот, денеска е најтешкиот ден за Србија, но следните неколку дена веројатно ќе бидат уште потешки. Во последните 24 часа, имаме 47 смртни случаи (од ефектите на корона вирусот), што е најголема бројка од почетокот на пандемијата. Состојбата во болниците е ужасно тешка за нас, затоа што ако треба да однесете 10.000 луѓе на ден, од кои 1.000 лица ќе бидат хоспитализирани, а немате ниту еден кревет, тогаш се ви е јасно, јасно е во каква ситуација сме. Ако не бидеме одговорни, ќе ни се случи навистина катастрофално сценарио, нагласи Вучиќ.