За Србија би било најкорисно доколку Србите и Албанците постигнат договор и доколку засекош ги решат своите проблеми, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ во авторски текст во белградскиот весник „Блиц“.
Вучиќ во текстот наведува дека е потребно да се надмине „паленечкиот менталитет“ и да се сфати дека дошло ново време, нова ера за целиот Блакан и за Србија, во кои секој може да добие нешто добро и да има полза.
Српскиот претседател оценува дека во регионот постои мит дека Србија е главен виновник за се и дека секогаш сака да војува и да се шири и да го освои Блакнаот на сметка на другите.
– Тука некаде е основниот проблем. Мојата политика е политика против митовите и вечните вистини, а од дуга страна се оние, и од лево и од десно, и квазинационалистите и квазиграѓанството, кои живеат со митовите и од нив. Матрицата е иста, пристапот е различен, но заклучокот е сепак ист, наведува Вучиќ.
Таквите структури, според него, го слушаат само тоа што сакаат да го чујат, а не тоа што навистино е речено.
– Тоа што јасно кажав дека сакам да освојуваме со лаптопови, знаење, книги и пенкала, и тоа не само Балканот, туку иднината, се занемарува, додава Вучиќ.