Вучиќ за референдумот во Македонија: Некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Москва, во врска со референдумот во Македонија, изјави  дека не сака да се меша во внатрешните работи на некоја земја, но дека Европа мора да биде поодговорна, јави Б92.

– Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една суверена земја. Се плашам и сметам дека некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се. Мислат ќе видиме ако може со народот, а ако не тогаш нема со народот, ќе пробаме со притисок врз пратениците. Ако не може ни тоа, не е важно, тоа мора да биде така, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија рече дека го почитува договорот меѓу Грција и Македонија.

Тој побара од Европа и светот да покажат почитување кон малите народите и оцени дека смета оти не може да се игнорира што мисли народот.

Поврзани новости