Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска како гостин во емисијата „Фокус“ и се обрати на јавноста каде меѓу другото зборуваше и за референдумот за негова смена.
Тој првенствено најави дека референдумот ќе се одржи.
„Она време кога би ја немал доверба од мнозинството граѓани на Србија, зошто да бидам претседател? Сакам луѓето да зборуваат за тоа кој ја напуштил Србија. Ќе видите дека по неколку месеци ќе зборуваат за тоа:“ Па, тој беше добар…“ Лесни времиња не доаѓаат, потребни ни се сериозни и одговорни луѓе“, рече Вучиќ.
„Не сакам да бидам познат по тоа што донесов одлуки поради некои пленуми или така натаму“, рече тој.
„Доколку се потврди истрагата на CRTА, следниот ден ќе поднесам оставка“, најави Вучиќ.
Тој повтори дека не верува дека CRTA лажела, имајќи предвид дека е кредибилна организација и дека не верува дека организација финансирана од ЦИА има причина да лаже во своето истражување.