Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска зборуваше за поплавите кои зафатија делови од Европа.
„Поради трагичните последици од поплавите што ги зафатија Чешка, Полска, Словачка, Австрија и Унгарија, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и солидарност со сите што минуваат низ овие тешки времиња. Србија е подготвена да ја обезбедиме сета потребна помош и поддршка“, рече претседателот Вучиќ на Х.
Поводом трагичних последица поплава које су погодиле Чешку, Пољску, Словачку, Аустрију и Мађарску и изражавам најдубље саучешће породицама страдалих и солидарност са свима који пролазе кроз ове тешке тренутке. 🇷🇸 је спремна да пружи сву неопходну помоћ и подршку.
— Александар Вучић (@predsednikrs) September 16, 2024
Во Европа има невреме кое зема и жртви.
Според последните информации, најмалку осум загинати, додека повредените и исчезнатите се уште се бројат.